Повик за учество во програмата „OneBeat Balkans 2020“ за млади музичари

Од:

Музичари од 19 до 35 години може да се пријават на отворениот повик за учество во програмата „OneBeat Balkans 2020“ – иницијатива на Државната канцеларија за образование и култура при американскиот Стејт департмент. Наменета е за државјани на Албанија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Северна Македонија, Србија и САД.

Програмата трае 24 дена, од 31 март до 23 април 2020, и опфаќа двонеделна музичка резиденција во селото Мали Иџош во Србија, по што ќе следува десетдневна турнеја со концерт во Нови Сад, продолжувајќи во други градови на Балканот кои дополнително ќе бидат објавени.

Во 24-те дена додека трае програмата музичарите заедно ќе свират, ќе создаваат нова музика и ќе патуваат низ Балканот за да промовираат соработка, заедништво и еднаквост.

– „OneBeat Balkans 2020“ ќе спои десет општествено ангажирани музичари и музичарки, кои заедно ќе создаваат музика како и мултидисциплинарни дела, ќе водат јавни работилници и ќе ја користат уметноста за да се обидат одново да воспостават доверба и економски развој помеѓу поделените подрачја на Балканот, се наведува во отворениот повик.

„OneBeat Balkans“ е дел од поголем глобален проект – OneBeat, кој настана во САД на иницијатива на Државната канцеларија за образование и култура при американскиот Стејт департмент, а е спроведен од организацијата „Bang on a Can’s Found Sound Nation“.

Линкот за пријавување на повикот е https://apply.balkans.1beat.orgа рокот е до 10 Февруари.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање