Директорот на Комисијата за игри на среќа, Александар Георгиев денеска е приведен, изјави портпаролката на јавниот обвинител, Сијка Милева.
Тој признал дека го заштитувал бизнисот на бугарскиот тајкун Васил Божков.
Подоцна денеска се очекува судот да му одреди мерка притвор на поранешниот директор на комисијата, Огнемир Митев.
Претходно, бугарскиот бизнисмен Борис Бекијаров, по кого, исто така, се врши потрага како и по Божков, е приведен пред неколку часа на аеродромот во Виена. Моментно тој се наоѓа во просториите на австриската полиција. Се очекува бугарските власти да ги спроведат потребните процедури за да може Бекијаров да биде вратен во земјата, објави БГНЕС.
Бугарскиот јавен обвинител Иван Гешев синоќа изјави дека според се уште неофицијална информација Васил Божков е уапсен на територијата на Обединетите Арапски Емирати. Заедно со него наводно се уапсени уште две лица.
Според Обвинителството, организираната криминална група, предводена од Божков, дејствува низ цела Бугарија од 2014 година и е формирана со цел да врши принуда, изнуда, перење пари. Постојат податоци дека шефот на групата му нудел по 10.000 лева (околу 5.000 евра) дневно на вработен во Комисијата за игри на среќа за да достави предлози за одземање на лиценците на конкурентските компании.
При полицискиот претрес од домот на Божков се одземени голем број уметнички слики, како и огромна сума пари од неговото казино.
Васил Божков е обвинет по седум точки, меѓу кои за шеф на организирана криминална група, за принуда, за изнудување, за обид за поткуп на службено лице, како и за поттикнување и сторено кривично дело.casi