Наградата „Гоцева мисла“ за Зафир Хаџиманов, Вања Ангелова и Миле Топуз

Од:

Меѓународната награда „Гоцева мисла” годинава им се доделува на Зафир Хаџиманов, Вања Ангелова и Миле Топуз. Зафир Хаџиманов е наш истакнат пеач, актер и писател, кој живее и работи во Србија, Вања Ангелова е универзитетски професор од Бугарија, писателка и преведувач, а Миле Топуз е доајен на македонскиот стрип и илустрација.

Како што соопштија од Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент”, која ја доделува наградата, годинашните лауреати се избрани заради нивниот придонес во културолошката мисија, односно развојот и негувањето на културата, уметноста, науката и етиката, како и соработката и поврзувањето меѓу народите.

Наградата се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев, 4 февруари, и неговата знаменита мисла: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”. Доделувањето е во рамки на Фестивалот на чајот и читањето, а свеченоста ќе се одржи на крајот од месец февруари во Културниот центар „Феникс“.

Досегашни добитници на наградата „Гоцева мисла” се: Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија-Македонија), Даниела Костадиновиќ (Србија), Тања Попова (Бугарија), Звонко Танески (Македонија-Словачка), Волф Ошлис (Германија), Горан Калоѓера (Хрватска), Сабахудин Хаџиалиќ (Босна и Херцеговина), Лилјана Јанаќковиќ (Србија), Ресул Шабани (Македонија), Суат Енѓулу (Турција), Елка Наголова (Бугарија), Ристо Василевски (Македонија-Србија), Жан – Патрик Конрад (Франција) и Кирил Темков (Македонија).

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање