Пилотот Ара Зобајан, кој управуваше со хеликоптерот во кој загина легендарниот Коби Брајант, беше личен возач и на ѕвездата на Лос Анџелес Клиперс, Каваи Ленард. Тој сè уште не може да поверува за трагичниот настан во неделата што го потресе светот.
Порано летав со него. Одличен човек, многу љубезен. Тој беше еден од најдобрите пилоти. Тоа е момчето кое го замолувате да ве пренесе од град во град. Се ова ми е нереално, рече Ленард.
Ленард минатата година се врати во родната Калифорнија, откако најголем дел од кариерата мина во Сан Антонио Спарс. Кратко време потоа прифати размена во Торонто и учествуваше во освојувањето на првиот шампионски прстен на репторси.
Неговиот стан во Лос Анџелес е во близина на „Стејплс Центар“ каде клиперси ги играат своите натпревари како домаќини, но често знаеше да лета до Сан Диего, каде што е роден. За трансфер до таму најчесто користеше хеликоптер, но по трагедијата со Брајант, веројатно ќе одбере друго превозно средство.