Брајант влегува во Салата на славните

Од:

Коби Брајант ќе биде примен во Салата на славните на Националната кошаркарска асоцијација во Спрингфилд, Масачусетс, уште оваа година, според новинарот Шамс Чаранија од „Атлетик“, повикувајќи се на претседателот на Бордот на управителите на „салата“ – Џери Коланџело.

– Коби ќе биде примен уште при првото гласање. Очекувам ова да биде најлегендарната година за Салата на славните, бидејќи во оваа класа се наоѓаат Тим ​​Данкан и Кевин Гарнет. Коби ќе биде почестен онака како што заслужува, вели Коланџело.

Коби Брајант почина вчера во хеликоптерска несреќа во предградието на Лос Анџелес со својата 13-годишна ќерка и седум други. Имаше 41 година.

На крајот на 2019 година Брајант беше номиниран за место во Салата на славните во 2020 година. Покрај имињата на Данкан и Гарнет, на списокот се наоѓаат и Крис Бош, Шон Мерион, Мајкл Финли, Марк Итан, Бак Вилијамс, Тони Кукоч, Беки Хамон, Свин Кеш и Тамика Качингс.

Имињата на финалистите за место во Салата на славните ќе бидат објавени на 14-ти февруари за време на „Ол-стар“ викендот, а кој од нив ќе добие место во пантеонот на кошаркарското величие ќе стане јасно во почетокот на април.

Церемонијата е закажана за 29 август 2020 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Емотивен говор на вдовицата на Коби, Џордан едвај се воздржа да не заплаче

Ана Ололовска

Мистеријата за гробот на Коби: Никој не знае каде е закопан, човек уапсен за копање на погрешно место

Ана Ололовска

Помина една година од смртта на легендата на НБА, Коби Брајант

Ана Ололовска

Лејкерс петтиот натпревар од финалната серија ќе го играат во дресови посветени на Коби Брајант

Ана Ололовска

Лејкерси ќе носат специјален дрес во чест на Коби

Ана Ололовска

Коби Брајант постхумно награден за хуманизам

Ана Ололовска