ВИДЕО: Урнатиот авион во Авганистан е на армијата на САД

Од:

Авионот кој денеска се урна во Авганистан е на Воено-воздухопловните сили на САД, соопшти Дејвид Голдфејн, претставник на Пентагон, пренесе изданието „Милитари.ком“.

Според „Си-би-ес“, авионот најверојатно летал меѓу градовите Кандахар и престолнината Кабул. Еден авганистански чиновик изјавил дека меѓу остатоците на авионот ги нашле телата на двајцата пилоти.

Според други извори, во авионот се наоѓале околу десетина лица.

Авионот се урна дененска во провинцијата Газни, која е под контрола на Талибанците, терористичка група. Според авганистанската агенција „Паџхвок“,одговорноста за тоа ја презеле Талибанците, пет часа по падот на авионот.

Првично се соопшти дека во Авганистан се урнал патнички авион на авиопревозникот „Аријана афган ерлјанс“, и во авионот се наоѓале најмалку 80 лица. Претставници на компанијата ја демантираа информацијата.

Би можело да ве интересира

САД: Украинците не знаеле дека во соборениот авион има воени заробеници

Горан Наумовски

Путин: Американскиот систем „Патриот“ го собори рускиот авион во кој се превезуваа украински затвореници

Горан Наумовски

Советот за безбедност на ОН ги повика авганистанските власти да ги укинат ограничувањата за жените

(ВИДЕО) Се урна авион во Охајо

Горан Наумовски

Две лица загинаа при уривање на авион во БиХ

Грција достави демарш и до Украина за ненавременото информирање за видот на товарот што го пренесувал авионот што се урна во Кавала