Анкета: Сандерс води во Ајова, Њу Хемпшир, Бајден прв на национално ниво

Од:

Просечните резултати од најновите анкети во Ајова, каде идната недела се одржуваат првите избори за претседателски кандидат од Демократската партија, покажуваат предност за независниот сенатор од Вермонт, Берни Сандерс.

Меѓутоа на национално ниво прв е поранешниот потпретседател Џо Бајден, јави „Ем-ес-ен-би-си“.

Традиционално, оној претседателски кандидат кој ќе ја добие Ајова (изборите се закажани за 3 февруари), има шанси да победи во трката.

Според просечните резултати од четири нанјови анкети, Сандерс во Ајова води со 25 отсто, Бајден е на второ место со 22 отсто, додека поранешниот градоначалник на Саут Бент, Пит Бутиџич има рејтинг од 17 отсто.

Четврта со 14 отсто популарност е сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен.

Во Њу Хемпшир, втората сојузна држава каде на 11 февруари се оддржуваат демократските избори, според анкета на „Ен-би-си њус“-Марист, Сандерс води со 22 отсто популарност, по него е Бутиџич со 17 отсто, додке на трето и четвро место се Бајден (15 отсто) и Ворен (13).

Сепак, на национално ниво просечните резултати од анкети покажуваат поинаков однос на силите.

На ниво на САД, на прво место е поранешниот потпретседаел Бајден кој води со 29 отсто, зад него е Сандерс со рејтинг од 23 отсто, додејк на трето место е Воренсо 15 отсто. Зад неа е Мајкл Блумберг, поранешен градоначалник на Њујорк, чија популарност на национално ниво е 8 отсто.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес