Во Битола на улица „Партизанска“ вчера околу 21 часот и 30 минути, две маскирани лица влегле во спортската обложувалница „Спорт Лајф“ и со закана со пиштол извршиле разбојништво над вработените М.Ј. (28) и С.Д. (29), двете од Битола, од каде одзеле 44.360 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите.