Хончарук: Не одам никаде, односите со претседателот се одлични

Од:

Украинскиот премиер Олексиј Хончарук изјави денеска во Давос дека „не планира да оди никаде“ се додека има мислења дека тој или неговата влада може да си поднесат оставка.

Одговарајќи на новинарски прашања на маргините на Светскиот економски форум, првично се обиде да избегне да се изјасни за тоа дали ќе ја напушти функцијата премиер.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски минатата недела не ја прифати оставката на премиерот, откако беше објавена снимка на која тој зборува дека Зеленски, поранешниот актер без политичко искуство, не знае ништо за економија.

– Не планирам да одам никаде. Тимските односи со претседателот се одлични, рече Хончарук.

Тој додаде дека има „многу провокации и манипулации“ во врска со владата.

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала