Веројатно некогаш сте учествувале во дебата околу тоа дали црвеното е секси или придонесува за наметнување погрешен впечаток.
Според истражувањето спроведено на Универзитетот во Рочестер, мажите покажале најголем интерес за жените кои на фотографиите носеле црвено. Тоа секако не значело дека другите жени се помалку интелигентни или полоши, но жените кои ја носат огнената боја за мажите се сексуално попривлечни.
И тоа не се однесува само на облеката, туку и на кармините за усни. Студијата исто така покажала дека девојките со црвени усни привлекле многу повеќе и поголемо внимание од која било друга боја, па дури и келнерките со црвен кармин на усните добивале поголем бакшиш.
Но, тука е и другата страна на приказната, тоа дека црвеното понекогаш може да наметне погрешен впечаток. Така актерката Наоми Вотс за списанието Луѓе (People) изјави дека: „Црвениот кармин и русата коса понекогаш изгледаат повеќе порнографски, отколку секси.“
Сепак, доколку храбро се решите за црвени усни, имајте на ум дека со црвениот кармин оди само минималистички шминка на лицето. Се што ви треба е црна маскара и сенка за очи во неутрална боја или линија нацртана со моливче за очи.
Што велите? Може ли црвената боја да ги зголеми шансите кај мажите?