СДСМ: Успешните политики ја намалија невработеноста на 17.1% и отворија нови 60.000 работни места

Од:

„СДСМ продолжува со имплементација и реализација на политиките и мерките кои значат поддршка и на граѓаните, но и реалниот бизнис сектор и обезбедуваат намалување на невработеноста и задоволување на потребите во бизнис заедницата.

Оперативниот план за вработување за 2019 година е реализиран со огромни 98,6%.

Токму имплементацијата на Оперативниот план за вработување значително придонесе за намалувањето на невработеноста, која достигна историски најниска стапка од 17,1% и отвори нови 60.000 работни места, пред се во реалниот сектор“, се вели во соопштението на СДСМ.

„За реализација на ОП за 2019 година, беа издвоени рекордни 1,3 милијарди денари наменети за зголемување на вработливоста на невработените и за отворање нови компании, кои создаваат нови работни места.

Преку Програмата за самовработување, во 2019 година, одобрени се 1.484 грантови, а притоа се формирани 1.320 микро компании. Од овие лица, 468 се млади луѓе, односно 36,8% од вкупниот број, додека 439 се жени.

Преку субвенционирањето на плати отворени се 1.383 нови работни места, додека со поддршка за вработување и раст на правни субјекти се придонесе за отворање на 621 работно место.

Младинската гаранција, како една од носечките европски иницијативи, иако нашата држава сеуште не е дел од ЕУ само во 2019 година , опфати над 20 илјади млади лица на територија на целата држава. Од нив преку младинска гаранција се вработени 6.004 лица. Особено позитивен ефект се бележи кај младите роми со вклученост од 1457 млади лица, а од нив 212 се веќе вработени во 2019 година.

Во последниот квартал стапката на невработеност кај младите успеавме да ја намалиме на 35%, за споредба во 2016 и времето на ВМРО-ДПМНЕ тој процент беше 48,2%.

Вредноста на оперативниот план за вработување, е за 84% повисока во споредба со 2016-та година.

За СДСМ сите граѓани се важни. Затоа, граѓаните на 12 април ќе ги поддржат токму овие политики кои значат подобра иднина за сите граѓани“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он