ЕП во ракомет: Шеста победа во низа и за Норвешка

Од:

Норвешката репрезентација ја запиша и шестата победа во низа на Европското првенство во ракомет за мажи, откако вечерва славеше и во скандинавската пресметка над Исланд со 31:28 (полувреме: 19:12).

Лидер во триумфот на Норвежаните беше Сандер Сагосен кој постигна девет гола, Олафур Андрес Гудмундсон на спротивната страна реализира пет. И покрај максималниот ефект на шампионатот, Норвежаните, сепак, сè уште немаат обезбедено полуфинале.

Во групата 2 во Малме постои можност на крајот да има три репрезентации со идентичен број на бодови. Вакво сценарио е можно доколку Унгарија ги добие преостанатите два меча, а Словенија во последното коло ја совлада Норвешка. Во тој случај, сите три тима ќе имаат по осум бода, па гол разликата ќе решава за патниците во полуфинале.

Такви дилеми нема во групата 1 во Виена од каде Хрватска и Шпанија се селат во најдобрата четворка на шампионатот. Утре попладне (16 ч.) низ меѓусебен дуел ќе одлучуваат за победник во конкуренцијата.

Би можело да ве интересира

Повторно сите зборуваат за навивањето на Колинда во финалето: Донесе несреќа како и во фудбалот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) ЕП во ракомет: Шпанија остана на тронот

Ана Ололовска

ЕХФ и официјално: Дувњак е најдобар ракометар на ЕП 2020

Ана Ололовска

(ВИДЕО) ЕП во ракомет: Хрватска и Шпанија за титулата

Ана Ололовска

Познати полуфиналните двојки на Европското во ракомет

Драган Поповски

ЕП: Хрватска одигра нерешено со Шпанија и остана второпласирана во групата

Драган Поповски