Филипче: Здравствените работници се задоволни од покачувањето на платите

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче и државниот секретар во ресорното министерство денеска беа во посета на Клиничката болница во Штип, каде одржаа работна средба со раководството во здравствената установа и заеднички беше направена обиколка низ реновираното посебно одделение за кардиологија кое се пушти во употреба кон крајот на 2019 година.

„Чест ми е што во континуитет ги подобруваме и зајакнуваме условите во Клиничката болница во Штип. Одделението за кардиологија е комплетно реновирано и опремено, како со медицинска опрема, така и со кадар. Со набавената опрема и со вработувањето на 54 здравствени работници. Со договор на дело ангажирани се 179 лица. Платите на здравствените работници значително ги зголемивме. 40 проценти на лекарите специјалисти, 25 проценти на општите лекари, до 23 проценти на медицинските сестри и 15 проценти на здравствените соработници. Ќе продолжиме да вложуваме и во платите, затоа што медицинскиот персонал заслужува достоинствени услови за работа“, потенцираше министерот Филипче.

Новото одделение е сместено на последниот кат од болницата. Во оваа јавно-здравствена установа месечно се ставаат од 40 до 50 стентови и се вршат од 100 до 120 коронографии.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Додека Филипче беше министер имало предупредувања за загадена вода, но институциите молчеле

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Кој премиер е виновен што Македонија тоне во загадување, сиромаштија и корупција?

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Филипче: Новиот министер за земјоделство да каже дали има бугарски пасош и резервна татковина

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ