Ердоган изрази надеж за решавање на конфликтот на Блискиот Исток

Од:

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган изрази надеж дека приближувањето меѓу Израел и Турција ќе помогне за разрешување на конфликтот на Блискиот Исток, пренесува Анадолија.

– Мојата желба е здравиот разум да надвладее во овој процес и ние ќе го направиме овој процес траен, со цел да се стави крај на долгогодишното страдање со промената на границите во 1967 година, изјави вчера Ердоган.

Односите меѓу Турција и Израел се влошија откако во мај 2010 година израелски командоси нападнаа конвој бродови со хуманитарна помош за појасот Газа и убија деветмина турски граѓани.

Во соопштение од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објавено во петокот се наведува дека трагичниот резултат од инцидентот на бродот „Мави Мармара“ не бил цел на Израел и дека Израел жали за загубените човечки животи и повредените.

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу подоцна изјави дека нормализирањето на односите меѓу двете земји е резултат на тригодишни тешки преговори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски