Турската новинска агенција Анадолија соопшти дека египетската полиција влегла во просториите на нивното дописништво во Каиро и уапсила четворица вработени. Агенцијата посочува дека нема информации за тоа каде се одведени приведените, меѓу кои и еден турски државјанин.
Министерството за надворешни работи на Турција го осуди полицискиот упад и побара пуштање на слобода на вработените од Анадолија.