ХРВ ја осудува кинеската офанзива против човековите права

Од:

Кинеската Влада ја користи својата економска моќ со невидена сила да го нападне меѓународниот систем за заштита на човековите права, оцени денеска организацијата Хјуман Рајтс Воч (ХРВ) повикувајќи ги светските демократии на реакција.

„Кинеската Влада води интензивна офанзива против меѓународниот систем за заштита на човековите права. Наинтензивна, откако се појави овој систем кон средината на 20. век, изјави во Њујорк извршниот директор на оваа невладина организација Кенет Рот, претстставувајќи го својот годишен извештај за состојбите со човековите права во околу 100 земји.

„Комунистичката партија во Кина изградила „орвеловска восокотехнолошка полициска држава и усовршен систем на цензура на интернетот за да ги надгледува и повлекува јавните критики“, напиша Рот во документот на 650 страници, со кој се осудува „кошмарниот систем“ на репресија воведен против муслиманите во кинеската провинција Синѓјанг.

Според извештајот, кинеската Влада во странство „го користи своето растечко економско влијание врз замолкнувањето на критиката“.

„Иако и другите влади прават сериозни кршења на човековите права, ниту една друга влада не покажува толку многу сила и одлучност да ги поткопа меѓународните норми за човековите права и институции што можат да ги поддржат, се наведува во извештајот на Рот.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он