Ограбена црква во Железна Река, Гостиварско

Од:

Непознати сторители провалиле во црквата Св. Атанасиј во селото Железна Река, Гостиварско и украле пари и предмети чија вредност се проценува на околу дванаесет илјади денари, информираат од СВР Тетово.

Според портпаролот, провалата ја пријавил С.А. (46) жител на ова село. По извршениот увид било утврдено дека во црквата со насилно отварање на влезната врата е влезено во периодот од 19 до 23-ти овој месец. Провалниците заминале со плен од 2.000 денари, шест бакарни котли, еден крст, послужавник и шест шишиња зејтин.

По неодамнешната кражба во црква во селото Балиндол, од каде беа украдени пари, ова втор случај во Гостиварско. Претходно беа регистрирани кражби во цркви регионот на Горна Река, општина Маврово-Ростуше од каде покрај пари и предмети, беа украдени неколку десетици икони.

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница