Поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис, кој важи за љубител на тетоважите, реши неговиот девет годишен мандат како татко на градот да го овековечи со уште една тетоважа, јави дописничката на МИА од Атина.
За новата тетоважа, што всушност е симболот на Солун и периодот 2010-2019 додека беше градоначалник, Бутарис објави на неговиот „Твитер“ профил.
-Уште еден белег од мојот живот, напиша 77-годишниот Бутарис на неговиот „Твитер“ профил, објавувајќи фотографија од неговата нова тетоважа.