Џенифер од Северна Каролина која го открила изневерувањето на својот сопруг, решила да го напушти и тоа да го објави на билборд.
На билбордот пишува: Мајкл-ГПС навигација, 250 долари, Никон камера-1600 долари, Фаќање на мажот како изневерува и закупувањето на билбордот со нашите пари за иднината-Непроценливо-Џенифер.
Под текстот стои: Кажи и на Џесика дека се вселуваш во нејзиниот стан.
Оваа реклама засега го успорува сообраќајот на авенијата, бидејќи многумина застануваат за да ја прочитаат пораката.