Луѓето најдобро изгледаат во своите 30-ти години, покажа новата студија, во која се наведува дека жените се најубави на 30 години, а мажите најзгодни на 34 години.
Студијата, во која учествуваа 2.000 луѓе, покажа дека жените врвот на убавината ја достигнуваат во 30-тата година, а стареењето почнува видливо од 41. година, престануваат да бидат секси во 53. година, а стануваат стари на 55 години.
Мажите најдобро изгледаат на 34 години, а знаците на стареењето се јавуваат на 43 години. На 58 години повеќе не изгледаат добро, а на 59 години веќе се стари.
– Во минатото, се сметало дека луѓето се најубави во доцните 20-тина години. Но, во денешно време се се сведува на спречување на стареењето и зачувување на убавината што подолго. Секој ден гледаме славни лица кои имаат повеќе од 50 години, а изгледаат неверојатно, изјави Џилијан Мекензи, заменикот уредник на списанието Аллуре, кое го спроведе истражувањето.
Исто така, истражувањето покажа дека луѓето препаратите против стареење почнуваат да ги користат на 37 години, а многумина се одлучиле и за пластични операции и ботокс.