Родители ја казниле ќерката со јавно понижување

Од:

Родители ја казниле 13-годишната ќерка со јавно бламирање, но не се надевале дека вниманието на јавноста ќе го свртат и на себе, па и самите почуствувале малку од туѓите осуди.

Загрижен поради се поголемото искажувањеи на непочитување од страна на својата 13-годишна ќерка, Гентри и Рене Никел од Флорида, одлучиле нејзината казна да биде јавна и понижувачка.

Во сабота, тинејџерката (чие има не е објавено) помина 90 минути на прометната крстосница со натпис во рацете на кој пишуаше:

– Јас сум самостојна тинејџерка која не ги почитува постарите.
Многу сум паметна, но сепак имам три единици затоа што не ми е гајле.

Мотоциклист кој поминувал тука, го видел девојчето како стои со татко и на крстосницата, ги сликал и ги поставил фотографиите на Фејсбук. Некој повикал полиција, која се појавила, поразговарала со девојчето и заминала после заклучокот дека таа „е свесна за својата казна и дека е безбедна“.

Поради тоа, меѓутоа и родителите почуствуваа малку јавно понижување.

– Не размислуваме за тоа што јавноста ќе мисли, рече нејзината мајка Рене.

– Само дојдовме до точката кога веќе не знаевме што да правиме, објаснува таа зошто се одлучиле токму за тој вид казна.

– На крајот, ме прегрна пред полицијата и ми рече дека и е жал, рече нејзиниот татко Гентри, кој цело време колку што траеше казната, стоеше покрај ќерката на крстосницата.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските