Рекордна заработувачка на Хуавеј во 2019 година

Од:

Кинеската компанија Хуавеј забележа стабилен приход во 2019 година, во период кога оваа технолошка групација продолжува со раст и покрај американската кампања против нејзиното делување.

Компанијата предупреди дека нејзиниот напредок следната година би можел да биде попредизвикувачки.

Ротирачкиот претседател на компанијата Ерик Су напиша во новогодишната порака до вработените дека заработувачката на Хуавеј оваа година надминала 122 милијарди долари, што претставува нејзин нов рекорд и зголемување на приходот од 18 отсто во однос на претходната година.

Тој истакна дека Хуавеј, кој е втор најголем производител на паметни телефони во светот, оваа година продал 240 милиони апарати, за разлика од 206 милиони минатата година.

– Овие бројки се пониски од нашите првични предвидувања, сепак работењето е солидно и стоиме цврсто, соочени со проблеми, напиша Су.

Хуавеј оствари голема победа во Индија, која вчера и дозволи на компанијата да учествува во пробното тестирање на 5Г мрежата.

Би можело да ве интересира

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина