Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека повикот на лидерот на Курдската работничка партија (ПКК), Абдула Оџалан за разоружување на курдските бунтовници претставува позитивен чекор.
– Повикот на Оџалан го оценувам како позитивен чекор. Сега е важно како ќе се применат во пракса неговите зборови, истакна Ердоган, кој се наоѓа во посета на Холандија.
Претходно, денеска Оџалан, кој отслужува доживотна казна затвор на островот Имрали, ги повика курдските бунтовници да ги прекинат воените дејствија и да се повлечат од Турција, додавајќи дека „дошло време оружјето да замолкне и да надвладее политиката“.