Ново оружје на американската војска

Од:

Американската војска развива ново оружје кое е комбинација на молња и ласер може да ја уништи метата.

Оружјето ЛИПЦ сега се испитува во американските воени лаборатории, а тестирањето е извршено во јануари. Деталите се објавени на интернет-страницата на американската војска.

Оружјето е создадено за мети кои подобро спроведуваат електрицитет отколку воздухот или земјата што ги опкружува, како што се оклопните возила или неексплодирани мини.

„За време на траењето на ласерскиот импулс, може да се произведе повеќе енергија отколку што е потребно за еден голем град, но импулсот може да трае само дел од секундата. Настанува така што ласерскиот импулс, благодарение на својата електромагнетна енергија создава плазма во воздухот која го носи електрицитетот до целта. Таа енергија е доволно силна да ги раздели електроните од молекулите на воздухот“, изјави раководителот на научниот проект Џорџ Фишер

Би можело да ве интересира

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Израел ќе произведува тешки бомби, ќе ја намали зависноста од Америка

САД воведоа санкции за шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан

Горан Наумовски