Евангелос Мимаракис избран за спикер на грчкиот Парламент

Од:

Поранешниот министер за одбрана Евангелос Мимаракис денеска е избран за спикер на грчкиот Парламент, со рекордни 223 гласови „за“.

Мимаракис го предложи Нова демократија, а доби поддршка и од колициските партнери ПАСОК и Демократската левица, но и од пратеници од други партии.

Прва задача на Мимаракис ќе биде да го реши спорот меѓу Сириза и Комунистичката партија на Грција (ККЕ) во врска со распоредот на седење на пратениците.

Парламентот сега треба да одлучи дали да го одобри предложениот кандидат на Златна зора за заменик-претседател на законодавниот дом. Според законот, секоја од седумте партии застапени во Парламентот може да има заменик-спикер, а кандидатот треба да добие најмалку 75 гласови од пратениците.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он