Во Подгорица приведен новинарот на порталот „Борба“, Живковиќ

Од:

Новинарот и уредник на црногорскиот портал Борба, Дражен Живковиќ утрово е приведен во Подгорица по налог на Основното државно обвинителство.

Според неофицијални информации од Управата на полицијата, Живковиќ е приведен бидејќи не се одзвал на сослушувањето во Основното државно обвинителство.

Против Живковиќ пријава поднесе Демократска Црна Гора.

Демократски фронт го осуди приведувањето на новинарот Живковиќ.

– Демократски фронт посебно го осудува самиот чин на апсење на новинарот Живковиќ, претставник на јавниот збор, што дополнително говори за бескрупулозноста на полицискиот режим. Со тоа е извршен уште еден флагрантен удар на слободата на медиумите и новинарската дејност во Црна Гора, која е последниот бастион на ригидната диктатура во Европа, се наведува во соопштението на Демократски фронт.

Во соопштението, исто така се посочува дека приведувањето на Живковиќ е по пријава на опозициска партија, која го обвинува новинарот за фалсификување на документи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски