Украдена покуќнина од куќа во Гостивар

Од:

Непознати сторители украле бела техника и покуќнина од куќата на 56-годишниот гостиварски печалбар С.У. во гостиварската населба Керамидница.

Според СВР Тетово, непознатите сторители во периодот помеѓу 13-ти и 20-ти овој месец, провалиле во куќата откако ги извадиле металните решетки од прозорецот во приземјето и го скршиле стаклото.

По пребарувањето од домот на С.У. украле телевизор, четири маси, два тепиха, микробранова печка, фрижидер, две машини за миење садови, бојлер и алат за работа.

Вкупната материјална штета во оваа кражба, се проценува на околу 250 илјади денари. Гостиварската полиција превзема активности за откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби