(ВИДЕО) Пеколот на затворите во „Груевизмот“: Мрзневме, дехидриравме, се онесвестувавме – но никому не му беше гајле

Од:

Лидија Лазова која беше осудена во случајот Калдрма, заедно 86 други луѓе за економски криминал и злоупотреба на положбата, низ солзи раскажа за деновите поминати во битолскиот затвор каде била малтретирана од службениците и командирите, без помош од лекарите, оставена да дехидрира и да се онесвестува низ ходниците и тоалетите. Таа вели „сите стражари беа исти, не можам да верувам дека такви луѓе можат да постојат“. Лазова вели дека таа и нејзините колеги кои биле уапсени деновите ги поминале во плачење. Во затворот со денови молеле и за сијалица, за да не им биде темно. Таа сега живее во Градско со нејзиниот татко кој е инвалид, без работа и со 8 штрафови во колкот.

„Во секој момент слушав липање. Но и покрај се, собираш сила и викаш ‘Јас морам да издржам, да излезам надвор, да бидам на слобода’. Внатре мрзневме, а и тие кои доаѓаа да не посетуваат мрзнеа надвор на -20 чекајќи по 5-6 саати. Јадевме затворска храна, за да се рече дека сме јаделе. Од дома не дозволуваа да ни носат. Како ќе каснев – повраќав. Се онесвестував, а не реагираа ниту командири, ниту стражари, никој. Имаше медицинска сестра на која не можевме да и се пожалиме. Додека ние да кажеме што ни е, тие ќе ја затвореа вратата. Лековите ни помагаа само за спиење“, раскажува Лазова низ солзи.

Додека била во ладните простории каде немало никакво греење, а надвор температурите биле под нулата, разбирање за Лазова имал главниот командир кој и носел шише со топла вода, а таа го ставала на раце, нозе, тело, за да се стопли. Парно имало единствено во ходниците, а тие во келиите седеле со капи, јакни, ќебиња.

„93 дена во мразот. Колегите после ми кажаа ‘Ние се тешевме со тебе. Кога Лидија може да издржи, ќе издржиме и ние. Можеме и мораме’. 94 ден во притворот, сум паднала во бањата сум се онесвестила. Дојдоа стражари и Брза помош, ме однесоа. Во битолската болница направија снимки, не можеа да ми стават инфузија од што бев дехидрирана и слаба. Жените што беа во собата ме гледаа како некаков криминалец. Кога ме донесоа во Скопје на Клиника каде ме оперираа. Со мене во собата имаше двајца командири кои ме чуваа. За време на операцијата ми вградиле четири штрафови во колкот по осум сантиметри. Во болничката соба не ги пуштаа тие кои сакале да ме посетат. Ме чуваа двајца командири за да не избегам со скршен колк“, додаде Лазова.

По ова, не можев да застанам на нозе, кажа Лазова. Таа требало да оди на бањско лекување кое не и било дозволено, а судијата Ѓоко Ристов и рекол ‘Тука барање за бања сте поднеле? Да не сакате и во спа-центар да одите?“. По ова, таа со сунѓери под пазувите се обидела да оди на патерици, но не можела.

„Кога бев на контрола ми рекоа да пробам да вежбам дома, на маса да се потпрам и да пробам да клекнам, да станам. По направена снимка ми дијагностицираа остеопороза. Тоа е последица на тоа што не ми дозволија да се лекувам, што не ми дозволија вежби, бања. Требаше штрафовите да ми ги извадат по една година, а тие уште стојат бидејќи се слаби коските“, ракажа Лазова.

Таа била осудена на 3 години и 4 месеци заедно со 86 други лица за злоупотреба на службена положба. По притворот, остатокот од казната го опслужила во Идризово.

Лазова сеуште се надева на правда. Таа вели дека и по одлежувањето на казната сеуште се чувстувува зарабено, но и натаму се надеваат на подобри денови.

„Чекавме и се надевавме. Се надевавме на Закон за повторување на делото, чекавме од СЈО и од таму ништо. Чекаме од Стразбург. Заврши, многу бракови и семејства уништени. Јас останав сама. Неколку години живеам кај татко ми во Градско. Тој е инвалид, 83 годишен стар човек со пензија. Нема работа. Не можам да работам земјоделски работи со колкот, не можам да клекнам. Може Владава на пример, која направи позитивни промени за граѓани, пензионери.. За нас, жртвите од режимот да се најде некоја работа, да работиме, ние сме со нарушено здравје. Да може барем основните потреби да си ги задоволиме, не бараме многу“, рече Лазова низ солзи.

Би можело да ве интересира

Бошкоски: Во затвор сакаа да ме видат оние кои се декларираа како „мои“

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Рамковски низ солзи: Ќерка ми ме гледаше од прозорите на ќелијата, а јас не можев бидејќи намерно ја криеа од мене

Кристијан Ландов