Венгер: Артета ќе се соочи со недостаток на искуство

Од:

Микел Артета ќе има проблем со недостаток на искуство ако застане на чело на Арсенал, изјави поранешниот менаџер на тимот, Арсен Венгер. Сепак, тој додаде дека Шпанецот е совршена замена на Унаи Емери.

Арсенал е во преговори со Артета и Шпанецот може да биде вториот менаџер на тимот, откако Венгер замина во мај 2018 година. Поранешниот играч од средниот ред на клубот, сепак, нема искуство како прв тренер, откако во последните три години служеше како помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

– Микел Артета има голема иднина пред него. Тој научи многу како асистент, но во Арсенал ќе се соочи со недостаток на искуство на ова ниво. Мој совет е да посвети многу внимание на тренерскиот персонал, да изградат здрава средина околу него. Арсенал сега има тежок период. Го знам ова затоа што страдам исто како и секој друг поддржувач, изјави францускиот стручњак.

Би можело да ве интересира

Повторно отворени училиштата во Англија