Дневни Аваз: Првата група граѓани на БиХ од Сирија ќе пристигне утре

Од:

Првата група државјани на Босна и Херцеговина кои живеат во Сирија и Ирак, во делови од територијата контролирана од терористичката Исламска држава (ИД), треба да биде депортирана во среда, објави сараевскиот весник „Дневни Аваз“.

Весникот наведува дека се очекува враќање на околу 30 луѓе, од кои седум жени и 16 деца. Останатите се мажи, но не знае нивниот број.

– Имаме информација дека група граѓани на БиХ ќе пристигнат кон средината на неделава, но не знаеме со сигурност колку од нив ќе бидат екстрадирани, рече неименуван полициски службеник.

Депортацијата на таа група беше најавена пред две недели, но е одложена од технички причини.

Сите тие доаѓаат од затворски кампови во Сирија под контрола на курдските и американските сили и ќе бидат транспортирани со лет организиран од американска страна.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски