Претседателот на Чиле предложи нацрт закон за заштита на полицајците од демонстранти насилници

Од:

Чилеанскиот претседател Себастијан Пинера објави дека поднел во Парламентот план за построги санкции за сите напаѓачи на полицајци, речиси два месеца по почетокот на тешката социјална криза што ја потресе земјата.

Во кризата од 18 октомври, најлошата во Чиле од враќањето на демократијата во 1990 година, загинаа 24 лица, а илјадници други беа повредени. Пријавени се бројни полициски прекршувања на човековите права.

Текстот на владата, кој ги заострува казните за сторителите на напади врз силите за спроведување на законот, смета дека се отежнувачки околностите на групните напади или оние каде напаѓачите носат маски. Времетраењето на новите казни се уште не е објавено.

Ново е што осудените лица нема да можат да бидат ослободени условно пред издржување на две третини од казната.

За време на презентацијата на нацрт-законот, претседателот Пинера истакна дека неговата влада „категорично осудува какво било нарушување на човековите права на нашите граѓани, истовремено категорично осудувајќи ги нападите, малтретирањето и понижувањето што ги претрпеа нашите полицајци“.

Тој истакна дека „огромното мнозинство“ на полицајците дејствувале според законот и дека за време на протестот биле повредени 2.500 полицајци.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера