Ердоган лично ургира за Ларкин да земе турски пасош

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, инсистирал американскиот бек Шејн Ларкин да земе турско државјанство и да настапува како натурализиран за турската репрезентација.

Ларкин кој игра за истанбускиот клуб Анадолу Ефес, моментно е најдобриот американски бек кој настапува во Европа, неодамна постави рекорд од 49 поени во Евролигата и би бил огромно засилување за било која репрезентација на Стариот континент. Неговите феноменални игри не минаа незабележано и од Ердоган.

– Не знам дали Ларкин е турски државјанин. Сакаме еден успешен играч како што е тој, да го имаме во репрезентацијата. Ларкин може да ни донесе добри резултати, изјави Ердоган.

Би можело да ве интересира

Владимир Штимац потпиша за Фенербахче

Ларкин е упорен да добие европски пасош

Фенербахче со неверојатен пресврт до трофејот во Турција

Наум Локоски