По четиригодишна пауза, македонскиот состав „Стринг Форсис“ го најави своето ново аудио и визуелен запис за темата „Причина-предумисла“, која е истовремено и нивни прв синг од новиот албум во изработка.
Промоцијата на спотот ќе одржи во четврток, 21-ви март, во клубот „Менада“, со почеток во 20 часот.
Покрај промоцијата на визуелниот запис, ќе биде претставен и тимот кој работеше на него. Атмосферата ќе биде надополнета од тапанарот на бендот, Лазар Дарковски, со неговиот диџеј-настап „А Lazarus Taxon“.
Јасна Атанасова