Есма разочарана од втората евровизиска песна

Од:

Есма Реџепова, за српскиот веб сајт „Вести-Онлајн“, ја изрази својата разочараност од втората песна, насловена „Пред да се раздени“, за овогодинешниот избор на Песна за Евровизија во Шведска.

„Тоа што сега го пеам, не е тоа тоа. Јас пеам, но како пратечки вокал на Влатко. Тој пее три стихови и нив ги повторува, а јас треба да излезам на сцена и да отпеам само два. Пеам преку 55 години и сега треба да бидам пратечки вокал. Тоа нема смисла. Ајде да не знам да пеам, во ред, но јас знам да пеам. Голтам кнедли и молчам, што да правам“, вели Есма.

Таа тврди дека тоа не е дует, бидејќи секој пее за себе.

„Зошто да пеам на ромски, кога можам и на македонски, а тоа и сакав, но не дозволија. Друга би била приказната ако пеевме заедно, бар рефренот да го пеевме на ромски“, вели Есма.

Редакција на „Вести-Онлајн“ ја прашала дали и било понудено таа сама да ја претставува Македонија на Евровизија, а таа горко се насмеала.

„Епа, тоа овде не може. Како тоа една Ромка да ја претставува Македонија!“, одговорила Есма.

Нејзиниот син, Симеон Атанасов, кој го компонираше и напиша делот на Есма, вели дека делот го направил на ромски, по порачка, како за свадба.

„Во целата песна нема компактност на текстот. Влатко пее за љубов, а Есма – ајде станете да играме и пееме. Покрај тоа, не постои ни заеднички рефрен, туку секој го пее својот дел. Есма на ромски, а Влатко на македонски“, вели Атанасов.

Есма разочарано рекла дека најдобро би и било да крене раце и да го откаже учеството на Евровизија.

„Тоа би ми било најдобро. Со задоволство би го направила тоа, но како професионалец не можам да пресечам и да кажам не. Со тоа би ги разочарала моите бројни обожаватели низ светот, кои нестрпливо ме очекуваат“, рекла Есма за вести-онлајн.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските