Манчестер Јунајтед на категоричен начин го освои првото место во својата група „Л“ во Лига Европа.
„Црвените ѓаволи“ го совладаа АЗ Алкмар со 4:0 на својот „Олд Трафорд“ и со тоа си загарантираа дека ќе завршат на врвот.
Британците избувнаа со четири гола за 11 минути во второто полувреме и ја запечатија победата. Ешли Јанг отвори во 53. минута, потоа Мејсон Гринвуд се запиша во 58. минута, Хуан Мата го направи резултатот 3:0 во 62-та минута од пенал, а повторно Гринвуд го запиша четвртиот гол за својата екипа во 64-тата минута.
Добра вест за Холанѓаните беше дека поразот не беше погубен за нив и тие се квалификуваа за шеснаесетфиналето како второпласиран тим.
Резултати од Лига Европа:
Група А:
АПОЕЛ Никозија – Севиља 1:0
Карабак – Дуделанж 1:1
Група Б:
Динамо Киев – Лугано 1:1
ФК Копенхаген – Малме 0:1
Група Ц:
Базел – Трабзонспор 2:0
Хетафе – Краснодар 3:0
Група Д:
ЛАСК – Спортинг Лисабон 3:0
ПСВ Ајндховен – Розенборг 1:1
Група Е:
ЦФР Клуж – Селтик 2:0
Рен – Лацио 2:0
Група Ф:
Ајнтрахт Франкфурт – Виторија Гимараеш 2:3
Стандард Лиеж – Арсенал 2:2
Група Г:
Ренџерс – Јанг Бојс 1:1
Порто – Феенорд 3:2
Група Х:
Еспањол – ЦСКА Москва 0:1
Лудогорец – Ференцварош 1:1
Група И:
Гент – Олександрија 2:1
Волфсбург – Сент Етјен 1:0
Група Ј
Борусија Менхенгладбах – Истанбул Башакшекир 1:2
Рома – Волфсбергер 2:2
Група К:
Слован Братислава – Брага 2:4
Вулверхемптон – Бешикташ 4:0
Група Л:
Манчестер Јунајтед – АЗ Алкмар 4:0
Партизан Београд – ФЦ Астана 4:1