АЛАРМ 3: Кој ја плаќа изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ?

Од:

Според Аларм 3 ВМРО-ДПМНЕ за промоција на своите кандидати во првиот круг на локалните избори дневно потрошила 25.281 евра за платена политичка програма во 4 печатени и 3 електронски медиуми.

Аларм во својата пресметка на 13 март од 17:00 до 00:00 часот ги истражил Сител, Канал 5, Алфа, Дневник, Утрински, Вечер и Нова Македонија. На основа на ова Аларм пресметува дека вкупно за 20 дена ВМРО-ДПМНЕ за кампањата потрошиле 505.627 евра во споменатите медиуми.

Во извештајот на ВМРО-ДПМНЕ за првиот круг на локалните избори партијата собрала 48.780 евра приход, а потрошила 15 пати повеќе, односно 729.826 евра.

alarm3

Спротивно на Законот за спречување на корупцијата според кој од моментот на распишување на изборите па до нивното завршување не можат да се користат буџетските средства на РМ како и средствата за општините.
Исто така не смеат да се користат и средсвата од јавните фондови, јавните претпријатија и јавните установи. Спротивно на тоа владеачките структури започнаа изградби на неколку нови објекти како на пример: Катни гаражи кај Нова Македонија и Мал ринг и нов блок на Универзитетските клиники.

Во истиот закон стои дека за време на предизботниот период не смее да се врши вонредна исплата на плати, пензии, социјална помош и други исплати од буџетски средства.

Спротивно на тоа во периодот од 1 до 15 март Владата исплати вкупно 17.164.429 евра. Овие пари се исплатени за: Субевенции за млекопроиводителите, лозарите и сточарите како и за пензионерите и 40 лекари.
Според Аларм во трката за купување на гласови во предизборната кампања се пресечени ленти на повеќе од 15 завршени јавни и приватни инвестиции.

Аларм ги претставува алармантните состојби во однос на парите од ИПАРД фондовите кои Владата ги претставува како свои и промовира финансиска поддршка за отворање нов бизнис во руралните средини.

Foom-Alarm3