ВМРО-ДПМНЕ: Заев губи контакт со реалноста, за еден ден ја задолжи Македонија за 300 милиони евра

Од:

„Зоран Заев губи контакт со реалноста. Наместо најавените 216 милиони како што беше најавено се задолжи за плус 80 милиони и со тоа во само еден ден го зголемија долгот на државата за скоро 300 милиони евра.

Расипништвото на власта нема граници. Откако Заев е на власт заклучно со денес јавниот долг на државата е зголемен за вкупно 914 милиони евра.

Од денес јавниот долг е фрапантни 5 милијарди и 700 милиони евра.

Загрижувачки и недозволиво е јавниот долг за 31 месец да порасне за нови 914 милиони евра, а притоа нивото на капитални и инвестиции да е најниско во историјата на државата со 40% за цели 10 месеци од годинава или 36% доколку не направеа ребаланс.

Сите влади за 15 години од 2002 до 2017 година ја задолжиле државата за 3 милијарди евра, а Зоран Заев за само три години 914 милиони, односно безмалку 1 милијарда.

На ова расипништво му доаѓа крајот. Република Македонија не може да издржи со вакво галопирачко темпо. По 12 април следува одговорно трошење на народните пари и домаќински однос со долгот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС