Скопјанката Ива Ангеловска наградена на „Европска недела на креатори на културно наследство“

Од:

Четиринаесетгодишната Ива Ангеловска од Скопје е една од десетте млади автори наградени на конкурсот на Европските денови на културното наследство, насловен „Европска недела на креатори на културно наследство“.

Како што соопшти Музејот на Република Северна Македонија, на наградената фотографија на Ангеловска, насловена „Трагедијата го запира времето. Хуманоста го придвижува“, која била избрана меѓу стотиците креации на млади луѓе од дванаесет европски земји, е претставена Старата железничка станица во Скопје, како сведоштво за катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Фотографијата е проследена со сторијата на Ива за невидената хуманост и солидарност на луѓето од целиот свет и нивната несебична помош во повторната изградба на градот.

Цел на конкурсот е да им се даде вистински и значаен глас на децата и младите луѓе и на тој начин да се откријат и поттикнат идните творци на културно наследство во Европа. Како мотивација за нивниот понатамошен интерес за наследството, за авторите на селектираните креации беше организирана посета на Стразбур, што се одржа од 1 до 3 декември 2019 година, се наведува во соопштението.

На конкурсот за најуспешна европска приказна поврзана со наследството на Европските денови на културното наследство земјава била претставена и со проектот „Многу луѓе – многу погледи“ на Центарот за креативни индустрии – НЕБО од Демир Хисар, кој бил меѓу десетте избрани дела кои се наградени со грантови во износ од по 10.000 евра.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање