Стоичков: Бугарија прима мигранти, како може да бидеме расисти?

Од:

Бугарската фудбалска легенда, Христо Стоичков, во интервју за полското национално радио, ја бранеше својата земја во врска со расистичкиот скандал во октомври, кога репрезентацијата на Англија гостуваше во Софија.

„Не сакам ни да слушнам дека ние Бугарите сме биле расисти. Јас не се чувствувам расист. На стадионот имаше 20.000 луѓе, и тоа што 15-20 глупаци направија нешто што не требаше, не значи дека целата нација сме расисти“, вели Стоичков.

Единствениот Бугарин кој ја освоил „Златната топка“ за најдобар фудбалер на светот, додаде дека неговата земја ги отворила границите за мигрантите, и бојата на кожата не им е важна, па сето тоа се докази дека не се сите Бугари како оние што предизвикаа прекин на мечот со Англија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невиден циркус во Бугарија – „интервенираше“ сопственикот на клубот, па испадна од лигата

Ана Ололовска

Два меча без публика на „Васил Левски“, плус парична казна за Бугарската фудбалска федерација

Стоичков: Никогаш нема да има нов Стоичков

Татјана Ташкова

Балаков поднесе оставка како селектор на бугарската фудбалска репрезентација

Петмина бугарски навивачи уапсени за расистички навреди на англиските фудбалери

Ана Ололовска

Бугарите подготвуваат спектакл со ѕвездите од 1994 година

Ана Ололовска