Адвокатот Алиспахиќ бара да биде разрешена судијката Лаличиќ и кривично да одговара

Од:

Адвокатот Асмир Алиспахиќ во септември поднел кривична пријава до Скопското јавно обвинителство и пријава за разрешување до Судскиот совет за кривичната судијка Софија Лаличиќ која го казни со 2.000 евра зашто ја навредил на „Фејсбук“ нарекувајќи ја „сваровски судијка“.

Тој на неговиот профил на „Фесјбук“ напиша: „Долго време размислував дали да го споделам ова со вас, но заради контуинираните закани, уцени,навреди, клевети врз мене лично ( мојот интегритет, углед, чест) како и врз мојата фамилија од страна на SWAROVSKI СУДИЈАТА СОФИЈА ЛАЛИЧИЌ ве известувам дека се поднесени: 1. Барање за утврдување одговорност до СУДСКИ СОВЕТ НА Р.С.МАКЕДОНИЈА ! 2. Кривична пријава до ОЈО- Скопје за Злоупотрева на службена должност !
Очекувам во најбрзо време да се испита основаноста на поднесените барања/крвична пријава.

Кривичниот совет ја прифати жалбата на адвокатот и оцени дека Алиспајиќ нема да ја плати паричната казна од 2.000 евра. Советот утврдил дека Лаличиќ неправилно ја применила одредбата член 88 став 1 од ЗКП кога утврдила постоење на навреда кон судот и на Асмир Алиспахиќ.

Пред речиси два месеца, Лаличиќ го казни адвокатот поради објавен статус на неговиот профил на „Фејсбук“, во кој напиша „Сваровски судијата Софија Лаличиќ дно од судија, под итно разрешување“.

Од Советот заклучиле дека статусот на „Фејсбук“ не може да се поврзе со кривичната постапка која се водела пред судот.

Би можело да ве интересира

Помина времето кога политичари можеа да влијаат на судии, вели Мицкоски

Саити: Не сметам дека имаме неквалитетни одлуки, но сигурно недовербата нешто детектира во однос на нашето работење

Агелер: Притисоците врз судската власт мора да престанат, судиите мора да бидат ослободени

A1on

ГРЕКО бара испитување на имотот на пратеници и судии, како и правила за подароци за обвинителите

A1on

Ние сме мала земја со многу јавни тајни и малку разрешници, кажа Грковска на дебата за Законот за конфискација

Дамева: Судии одат на увид со возила на странки, недолично е и отвора сомнеж за пристрасност

A1on