Конвој од околу 30 воени оклопни возила и ракетни системи од Командата на 39 механизирана пешадија од турскиот пристаништен град Искендерун се движат кон сириската граница, објавија турски медиуми.
Во реонот се распоредени и голем број вооружени војници кои претходно минале низ центарот на градот Искендерун.
Весникот Туркие наведува дека војниците ќе бидат лоцирани во реонот на граничниот пункт Џилвегозју и во реоните на градовите Рејханли, Јалјадаги и Аланјозју. Весникот додава дека заради воената активност во реонот, сириските бегалци од камп во Рејханли биле пренесени со минибуси и автобуси во Шанлаурфа.