Тројца велешани украле шини во вредност од 2,9 милиони денари

Од:

СВР Велес поднесе кривична пријава против лицата П.Н. (30) , Д.М. (30) и А.А. (25) сите тројца од Велес, поради сомнение дека ја загрозиле безбедноста на железничкиот сообраќај и тешка кражба. Тие се обвинети дека во периодот од мај до октомври минатата година на ЈП „Македонски железници“ му нанеле материјална штета од 2.926.452 денари.

Пријавените биле затекнати крај местото „Долги Рид“ во близина на населба Превалец како со патнички автомобили марка „Тико“ и „Опел Астра“ превезуваат исечени шини и оксигенски боци.

Лицата се приведени во просториите на ПС Велес.

Според информациите на полицијата во наведениот период пријавените во четири наврати се упатиле во близина на железничкото стојалиште кај село Теово и сечеле кабел кој е наменет за телекомуникациски врски и регулирање на железничкиот сообраќај помеѓу станиците Велес и Богомила, при што одзеле вкупно 1350 метри кабел и 746 метри шини.

 

Би можело да ве интересира

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он