Министерството за образование и култура на Република Српска донесе одлука утре превентивно да не се одржи настава во основните и средните училишта, како и во градинките, на подрачјето на источна Херцеговина, поради денешните земјотреси.
Од Министерството наведуваат дека оваа одлука е во интерес на децата и порачуваат дека наставата ќе биде надоместена подоцна.
Во Босна и Херцеговина денеска беа регистрирани четири земјотреси, од кој најсилниот од 5,4 степени.