Досега возењето беше резервирано за луѓето, но едно куче го смени тоа.
Необичен случај е пријавен во Флорида, каде куче го стави автомобилот во рикверц и се возеше околу еден час.
Црн лабрадор ретривер беше „зад воланот“, откако неименуван сопственик го остави кучето во својот автомобил.
Сепак, сè заврши добро и под полициски надзор никој не беше повреден во инцидентот.