Индиец облекол пилотска униформа за да ги избегне аеродромските контроли и за да патува во прва класа

Од:

Патник од Индија се сетил да облече униформа на пилот на „Луфтханза“ за да избегне контрола, брзо се качил во авионот и направил трансфер во прва класа, а бил уапсен во Њу Делхи.

Рајан Махбубани (48) носел пилотска униформа и имал фалсификувана картичка на „Луфтханза“, кога вчера бил уапсен на аеродромот во главниот град, објави заменик-началникот на полицијата, Сањај Батија.

Махбубани е задржан на излезната врата од летот кон Калкута, откако шефот за безбедност на „Луфтханза“ предупредил за „сомнително движење на патниците во униформите на компанијата ‘Луфтханза’“.

За време на испрашувањето, Махбубани открил дека често патувал и дека носел униформа за да избегне долги линии на контроли на патниците и потемелни контроли на кои биле подложени другите патници.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ