Државите членки на Европската Унија вчера не се договорија за употребата на три пестициди на посеви, кои ги привлекуваат пчелите.
Комитетот на експерти од 27-те членки на ЕУ не го прифати ниту пак го отфрли предлогот за забрана на пестицидите „clothianidin“ ,,imidacloprid “ и „ thiametoxam“ на сончогледот, репата, памукот и пченката.
Пчеларите пријавија невообичаено намалување на бројот на пчелите во текот на претходната деценија, сомневајќи се на отровите, соопшти Европската управа за безбедност на храната.
Пчелите се важни поради својата улога во опрашување од широк спектар на насадите и дивите растенија.
Елена Георгиевска