Министерот Исмаили учествува на меѓународен културен форум во Санкт Петербург

Од:

Министерот за култура Хусни Исмаили учествува на 8. Меѓународен културен форум во Санкт Петербург, кој се одржува од денеска до 16 ноември на тема „Културните кодови во светот на глобализацијата“.

Како што соопшти Министерството за култура, гости на форумот како дел од специјалната програма се претставници од Меѓународната фондација „Форум на словенските култури“.

Држава почесен гостин на Форумот годинава е Народна Република Кина, во чест на 70-годишнината од нејзините дипломатски односи со земјата домаќин – Руската Федерација.

-Меѓународниот културен форум се одржува од 2012 година со 70 учесници и 300 посетители, за во 2018 година да ја достигне бројката од 35 000 учесници, 50 странски делегации и 415 настани, информира Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање