Давутоглу упати повик за национално единство

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска упати повик за национално единство и подвлече дека ако нема единство, Турција ќе се раздели на парчиња, соопшти турскиот весник на англиски јазик „Тудејс заман“.

Давутоглу од вчера е во дводневна посета на југоисточниот турски град Дијарбекир, населен со мнозинство Курди.

Тој ја предводи делегацијата во која се наоѓаат министерот за земјоделие, Мехмет Мехди Екер, неговиот заменик министер Кутбетин Арзу, и пратеници од владеачката Партија на правдата и развојот (ППР).

-Или сите ние (Турци, Курди, Арапи, Бошњаци) ќе се обединиме и ќе одиме напред, или ќе има обиди да бидеме разделени на мали парчиња, рече Давутоглу, додавајќи дека националното единство е претпоставка за успешна надворешна политика.

Турскиот министер за надворешни работи вчера во Дијарбекир се сретна со членови на невладини организации и организации за заштита на правата на човекот.

Во Турција во моментов е во тек процес на преговори за мирно надминување на курдскиот конфликт со лидерот на Курдската работничка партија Абдула Оџалан, кој во затвор на островот Имрала ја издржува казната доживотен затвор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски