ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Ангеловска наместо на развој, ќе трошат милијарди на популизам

Од:

„3.9 милијарди евра буџет, а ниту денар зголемување за капитални инвестиции. Зоран Заев и Нина Ангеловска наместо на развој, ќе трошат милијарди на популизам.

Власта одвојува за капитални инвестиции исто како лани, а буџетот е значително поголем.

Власта првин им скрати на пензионерите 600 денари 3 години по ред, за сега да им дава само 700 денари и тоа од до година. Тоа се 1800 денари помалку за пензионерите кои им ги зема Зоран Заев доколку останеше старата пресметка и наместо за нив отидоа на тендери и милионски бизниси на луѓето блиски до врвот на власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Три години не одвоија пари за енергетиката, не одвојуваат ниту сега. Нема пари за Чебрен и Галиште, нема пари за РЕК Битола и Осломеј, нема пари за ништо.

Зоран Заев ги излажа и земјоделците. Со новиот буџет нема пари за земјоделците. Се останува исто.

Зоран Заев со овој буџет спрема потенцијален поткуп на гласачи пред избори.

Лагите и популизмот од претходните избори нема да му поминат повеќе. На 12 април почнува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС