Австриското гратче Бад Ишл, односно областа Салцкамергут, ќе бидат Европска престолнина на културата за 2024 година, одлучено е денеска во Виена.
Бад Ишл во трката успеа да ги надмине Санкт Пелтен, главниот град на покраината Долна Австрија и Дорнбирн во покраината Форарлберг.
По Грац 2003 година и Линц 2009 година, ова е трет град од Горна Австрија и Штаерска, кој ќе ја добие титулата Европска престолнина на културата.
Бад Ишл тој статус ќе го сподели со естонскиот град Тарту и норвешкиот Будо.